За нас

ДАМАТ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ како друштво од областа на сметководствени услуги и консалтингот основано е на 20.07.2012 година.

Препознатливи сме по професионалниот пристап кон работата, љубезноста и непосредноста во комуникацијата со нашите клиенти.
Нудиме водење на целокупен финансиско-сметководствен процес, изработка на пресметки и извештаи кои се законска обврска за компаниите и нивна достава до надлежните институции, советодавни и консултатски услуги со цел носење на правилни и сигурни одлуки поврзани со работењето.
Нашето работење се базира на активно следење на законските прописи и нивни измени, нивна соодветна примена, како и електронската комуникација со нашите клиенти и застапување пред органите на УЈП.
Спремни сме да одговориме на сите ваши барања од областа на сметководството. Нашата стручност ја надополнуваме со постојаниот контакт со наши надворешни консултанти и соработници од специјализирани консалтинг куќи, како и со посета на стручни семинари за професионално усовршување..